Поврзи се со нас

Гостивар

Презентација на најпознатиот специјалитет на Гостивар – баклава

Објавено

на

Во Ресурсниот центар I Can во Гостивар се организираше отворен ден, на кој неколку гостиварски компании ги презентираа своите баклави. Честа и задоволството да го вкусат  најпознатото гостиварско благо, имаа претставници од училиштата и институции.

Настанот, на кој присуствуваше и  градоначалникот Арбен Таравари, се одржа во дворот на центарот, како еден вид неформално дружење и презентација на баклави, карактеристичен специјалитет за Гостивар.

„Нашиот центар како главна цел има креирање на еко систем за соработка меѓу бизнис заедницата образованите институции и невработените. Имајќи предвид дека сега беше големиот муслимански празник Бајрам, организираме денес баклава парти. Тука се претставници на училиштата, компании кои произведуваат баклави и институциите од конзорциумот на I Can. Гостивар е познат по квалитетот на баклави, па идејата е тие компании кои ги произведуваат да можат да ги претстават во јавноста, и на тој начин можеби и да се прошири тој бизнис и надвор од Гостивар“, рече Азир Алиу, проект менаџер на центарот

Младинскиот Ресурсен центар ICan во Гостивар беше отворен во февруари годинава, а функционира како место за бесплатни обуки и едукации за младите кои треба да им помогнат во вработување и самовработување.

Наменет е за млади невработени до 29 години, ученици, и бизнис секторот од целиот полошки регион.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена