Поврзи се со нас

Гостивар

Презентација на степенот на дигитална писменост во руралните средини во Полошкиот регион

Објавено

на

Денеска пред седиштето на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ) во Гостивар, Рурална Коалиција како дел од ИЦЕДА мрежата и организација која што служи локален центар за е-поддршка при користење на дигиталните услуги, организираше втора по ред локална прес конференција за презентација на наодите од извештајот за нивото на дигитална писменост и користењето на е-услугите во руралните средини.

„Дигитализацијата, како и електронската комуникација во изминатата година и половина ни се покажа како неопходна алатка за комуникација со сите, па и со институциите. Но дали и колку бевме подготвени да го прифатиме новиот предизвик во секторот земјоделство и рурален развој? Над 90% од 246 испитаници од руралните средини вклучени во истражувањето спроведено во 5 плански региони и 6 различни општини меѓу кои што и во Гостивар и во општина Врапчиште, имаат своја е-маил адреса, како и електронска картичка за банкомат, но е-маил адресата во најголемиот број на случаеви им е нефункционална затоа што не ја знаат или не ја паметат лозинката, додека пак електронската картичка ја користат само за вадење на пари од банкомат, но не и за плаќање на сметки по електронски пат. На неколку дена пред завршувањето на рокот за пријавување на субвенциите само што ни стигна известување дека рокот за пријавување е продолжен за уште еден месец односно до 30 јуни и тоа на барање на земјоделците затоа што навреме не стигнале да ги пријават површините и стоката за субвенции, а секако една од причините за тоа е што се чекаат последните неколку дена и што за аплицирањето повторно доаѓаат до подрачните единици на Министерството за земјоделство затоа што не знаат, ама и не сакаат да се обидат да го пополнат сами од страв да не згрешат или пак затоа што не му веруваат доволно на системот, истакна на настанот претставничката од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од подрачната единица во Гостивар“, Марија Гаврилева.

На претходно изнесениот став се надоврза и Лилјана Јоноски која што истакна дека и резултатите од истражувањето на Рурална Коалиција го кажуваат истото.

„Земјоделците не му веруваат на системот и електронската комуникација воопшто (20.3%), додека пак 35.4% имаат доверба меѓутоа недоволно за да ги превземат самите во свои раце алатките за електронска комуникација и да аплицираат самостојно за субвенции или пак за друг вид на услуги кои што се електронски достапни. 64% од земјоделците сеуште преферираат издавање на услугите на шалтер, но признаваат дека тоа им одзема многу време и средства особено ако од подалечните места треба да доаѓаат до град по неколку пати, појасни Јоноска.

Претставничките пак од АПРЗ, Ранкица Божиноска и Јелица Бешлиќ ги охрабрија земјоделците, а особено жените земјоделки како предводнички на промените да ги користат позитивните примери на аплицирање и користење на средства или користење на електронските услуги од страна на нивни блиски пријатели, роднини, комшии.

На настанот беше промовирана и електронската платформа https://e-zemjodelskiuslugi.mk/ каде што ќе може да се добијат  информации поврзани со земјоделството.

Проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА!“ е дел од регионалниот проект „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ кој го спроведува Метаморфозис фондацијата во партнерство со Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм  (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена