Вести
Презентација во Гостивар: Скоро 3 милиони евра за проекти од прекугранична соработка со Албанија
Во Гостивар денес беше презентирана Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, преку која ќе се финансираат проекти од општини од Македонија и Албанија кои граничат меѓусебе.
„Со оваа програма предвидено е да се конкурира со проекти кои се минимална вредност од 300 илјади евра и до 600 илјади. Средствата треба да се инвестираат во развој на туризмот, културата, зачувување на природните богатства, природните ресурси и климатските промени. Овој пограничен регион е еден од најсиромашните во Европа и потребен е негов развој. Затоа сметам дека поддршката преку ИПА инструментот треба да се искористи на најдобар можен начин“, рече министерот за локална самоуправа Сујхел Фазлиу.
Преку Програмата на располагање се вкупни фондови од скоро три милиони евра, пари кои треба да бидат искористени за унапредување на условите за живот и развој на овие подрачја. Проектите е предвидено да се реализираат во период од 18 до 36 месеци.
На презентацијата зборуваше и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини. Тој објасни дека со проектите треба да се подобрат условите за живот на граѓаните од двете страни на границата. Најмалку шеесет проценти од средствата треба да бидат вложени во инфраструкра, а останатите да бидат други трошоци.
Крајниот рок за аплицирање истекува на 1 февруари следната година.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди