Поврзи се со нас

Вести

Презентиран проект за граѓанско учество

Објавено

на

Во Гостивар се одржа презентација на Проектот за граѓанско учество, финансиран од Американската агенција за меѓународен развој, УСАИД. Активностите, целите и можностите за користење на грантови преку проектот беа претставени пред претставници на невладините организации, институции и приватниот сектор од гостиварскиот регион. Проектот се спроведува во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар.

Целта е младите и граѓанските организации да се здобијат со знаење, мотивација, вредности и да развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и приватниот сектор во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници.

„Граѓанската партиципација во политичкото одлучување и во јавниот живот е нешто од кое сите имаме корист. Се надевам дека организациите од Гостивар ќе покажат интерес за користење на нашите грантови. Ние со задоволство ќе соработуваме и се надевам дека ќе помогнеме да се поддржат значајни локални  иницијативи“, изјави  директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едуард Гонзалес.

Проектот започна лани во ноември и ќе трае пет години.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена