Вести
Презентиран првиот женски рурален е-пазар „Наша тезга“

Околу 84 проценти од жените во руралните средини за време на пандемијата на коронавирусот се соочиле со намалување на нивните економски приходи од земјоделските активности, а нивните производи и понатаму остануваат непродадени. Речиси 54 отсто од жените во руралните средини немаат пристап до информации за можностите и финансиската поддршка што им се нуди, а работат по 11 часа на ден, работа што не е евидентирана и платена, покажуваат податоците на платформата Рурална Коалиција.
Руралната Коалиција на платформата „Зум“ го лансираше и презентираше првиот женски рурален е-пазар „Наша тезга“.
– Животните приказни на нашите жени од руралните средини, традицијата на нашето домашно производство, палета од локални здрави земјоделски производи и преработки коишто треба да ја полнат трпезата на секој од нас, достапни на виртуелните тезги на првиот женски рурален е-пазар којшто е изграден врз основа на меѓусекторски партнерства што пак значи дека ваквиот пазар е граден низ заедничка соработка на бизнис заедницата, дарителската заедница, индивидуалните граѓани и институциите, велат од платформата.
Поради својата инклузивност е-пазарот „Наша тезга“, важи и за еден од успешните примери и во регионот на Западен Балкан.
Освен продажба на храна, на онлајн пазарот ќе може да се прочитаат и животните приказни на жените и за традицијата на земјоделското производство.
Ова е првата платформа којашто директно придонесува за унапредување на социјално-економската положба на жените од руралните средини.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022