Поврзи се со нас

Деца Родители

При одлука за развод, родителите мора да водат сметка за децата

Објавено

на

 

Развод на брак преставуива непланиран животен настан и како таков е голема неразвојна криза во семејството. Неможноста партнерите да ги разрешат вообичаените развојни кризи како и неможноста за справување со кризите што се надвор од семејниот систем, резултира со донесување одлука за развод на бракот.

Разводот не е најсреќното решение за едно семејство. Меѓутоа доколку односите помеѓу партнерите се нарушени до тој степен со што натамошниот заеднички живот станува невозможен, тогаш разводот може да се покаже и како единствено разумно решение.

Причините за развод можат да бидат различни. Пред се, разводот може да биде последица на лош избор на партнер. Голем број на разводи се резултат на заедничкото живеење со родителите, нерешеното станбено прашање на младиот брачен пар, малите или никакви приходи.

Причините за развод можат да бидат и аклохолизмот, насилството во бракот, нарушените меѓусебни односи, неверството, претераната врзаност на брачниот партнер со родителите, вмешувањето на пријателите, љубомората и друго. На многу разводи влијае и економската еманципација на жената, која се почесто е вработена и материјално обезбедена и многу почесто се одлучува за развод како решение за неквалитетното живеење.

Понекогаш брачните партнери се одлучуваат за развод  и тогаш кога нивните проблеми би можеле да се решат доколку побараат адекватна стручна помош.

Одлуката за развод понекогаш се донесува и за да се намали напнатоста, но и заради казнување на партнерот или како надеж дека нешто ќе се смени во животот.

Не постојат општи правила кога и под кои околности е оправдан разводот. Некогаш некои партнери избегнуваат да се разведат и тогаш кога тоа би било најсоодветно решение за целото семејство.

При донесување на дефинитивна одлука за развод на брак треба да се води сметка за интересот на децата. Партнерите можат меѓусебно да се избираат, но за жал децата не може да ги избираат своите родители. Од тука произлегува и големата одговорност на партнерите пред своите деца пред да ја донесат одлуката за развод на брак. Бидејќи со разводот се разведуваат родителите, а не децата од родителите.

Разводот е процес како оној при градење на семејството. Разводот е брачен проблем, проблем на двајцата партнери и треба да се реши со добра воља  и взаемна соработка меѓу двајцата партнери. На тој начин ќе се спречи ризикот од неправилен психо-социјален развој на нивните деца.

Со разводот, за родителите никогаш не престанува одговорноста и грижата околу воспитување и одгледување на нивните деца. Таа продолжува и трае цел живот. Затоа спогодбениот развод би требало да биде чесен, пред се заради иднината на нивните деца.

Семејството живее во односите кои постојано се менуваат како во фазите на циклусот во семејството, но и под влијание на надворешната средина.

Постојат проблеми што семејството може да  ги реши, но постојат и проблеми за кои е потребно помош и советување со стручните лица. Затоа за решавање на брачните, семејните или родителските проблеми пожелно е да се побара  помош од стручните лица во рамките на советувалиштето за брак и семејство.

Младите луѓе кои се подготвуваат за брак и одговорно родителство ќе мора да сфатат дека  е неопходно и можно да се планира сопствениот живот и животот на своите деца. Треба да се прифати дека бракот и родителството преставуваат содржина на голем дел од животот. Животот во семејствата во кои сме се родиле и нашето детство се само подготовка за зрелото доба. Заради тоа во периодот на заљубеноста и во состојба кога преовладуваат емоциите треба да се размислува за планирање на родителството при што се менува содржината на животот меѓу партнерите стануваат поинакви.

( следува Планирање на семејството и одговорно родителство)

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 7 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 9 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 11 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 11 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 12 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 13 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 15 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 17 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена