Поврзи се со нас

Гостивар

При заплена на 4 килограми марихуана приведени лица од Гостивар и од Битола

Објавено

на

МВР информира дека полициски службеници од СВР Битола на 30.03.2023 на ул.„Краварски пат“ во Битола заплениле околу четири килограми марихуана и лишиле од слобода пет лица: двајца битолчани на возраст од 54 и 38 години и три лица од Гостивар на возраст од 34, 23 и 36 години.

„Имено, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во с.Кравари, битолско, забележано е патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, а едно лице кое се превезувало со возилото во близина на влез во фабрика за производство на медицински канабис подигнало ќеси со марихуана. Откако возачот ги забележал полициските службеници, од возилото исфрлил две ќеси со марихуана. Од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена Наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во правното лице во Кравари, при што се констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.“, стои во соопштението на полицијата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена