Вести
Пригожин: Борците на ПМЦ Вагнер се повлекуваат од Бахмут

Водачот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, во петокот преку видео порака соопшти дека неговата група на 10 мај ќе започне со повлекување од Бахмут, бидејќи како изјави „повеќе немаат со што да мелат месо“, обвинувајќи за руската воена команда за ненавремено снабдување со муниција.
Тој директно ги обвини министерот за одбрана Сергеј Шојгу и на началникот на генералштабот на руските воени сили Валериј Герасимов дека на неговите борци намерно им се одбива муниција.
„Иако ни останаа само 1,5 километри од целосното освојување на Бахмут, имаме 70% недостиг на муниција. Бесмислено е нашите борци да гинат поради недостиг на муниција, која ја има во изобилство во магацините. Изјавувам дека на 10 мај 2023 година ќе бидеме принудени да ги предадеме позициите во Бахмут на единиците на Министерството за одбрана и да ги повлечеме преостанатите сили во позадинските логори“, соопшти Пригожин.
Покрај тоа Пригожин вчера го објави своето писмо до министерството за одбрана на Русија, во кое тој бара позициите „Вагнер“ во областа на источниот украински град да бидат преземени од чеченскиот батаљон „Ахмат“.
На што пак лидерот на „Ахмат“ Кадиров веднаш одговори дека испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое ја изразува својата подготвеност да го преземе Бахмут.
Битката за Бахмут се смета за најкрвавата во СВО во Украина која започна пред повеќе од една година.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение