Гостивар
Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Х.(38) од село Требиште, Џ.Ќ.(58) од Скопје и М.М.(53) од село Скудриње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против И.С.(56) од Гостивар, сопственик и управител на друштво за архитектонски геодетски и инженерски активности од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во служба“ и „фалсификување исправа“ и против правно лице, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, на 10 јуни 2013 година, пријавените И.Х., Џ.Ќ. и М.М., вработени во Одделението за урбанизам при општина Маврово и Ростуше, во службените простории на Одделението за урбанизам при општина Маврово и Ростуше потпишале решение со кое легализирале бесправно изграден објект кој не ги исполнувал основните елементи и функционална целина, иако го имале на увид записникот за извршен увид составен од страна на комисија на Одделението, во кој било констатирано дека објектот не ги исполнува основните услови за легализација.
Четвртопријавениот И.С., на 09.01.2013 изработил и пуштил во употреба геодетски елаборат за легализација на бесправно изграден објект за катастарска општина Ниќифорово, во кој навел дека објектот бил деловен простор, по што елаборатот бил употребен во управна постапка како вистински во Одделот за урбанизам при општина Маврово и Ростуше и во Агенција за катастар и недвижности Гостивар за запишување на недвижности кои останале со незапишани права, се посочува во соопштението на МВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила