Вести
Дебрешанка пријавила грабнување од лице со кое се запознала преку Инстаграм
Осумнаесетгодишна жителка на гостиварско Дебреше, вчера пријавила противправно лишување од слобода, а осомничен дека го извршил е 20-годишник од тетовското село Пирок, информира СВР Тетово.
Според нејзиното кажување, со лицето се запознале пред повеќе од два месеци преку социјалната мрежа „Инстаграм“ и на 6-ти минатиот месец се сретнале во фризерски салон во Гостивар, од каде наводно насилно ја внесол во неговото возило и заканувајќи и се дека ќе и го убие сопругот и други членови на семејството и го одзел мобилниот телефон и ја однел во неговата куќа во Пирок.
Додека била во куќата, наводно не и бил дозволен никаков контакт, но вчера околу 16 часот и 30 минути таа успеала да им се јави на родителите и побарала да дојдат да ја земат.
Од полицијата соопштуваат дека сите инволвирани биле повикани во СВР Тетово, разговарано е со нив и се работи на целосно расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски