Поврзи се со нас

Деца Родители

Приказните и бајките се корисни за децата

Објавено

на

Луѓето, додека се деца, сонуваат за лесен живот, богат, среќен и не многу полн со работа, задачи и обврски. Реалноста, најчесто е спротивна – повеќето луѓе работат релативно многу и минуваат низ десетици, илјадници предизвици, со што сепак, се стекнува големо искуство и мудрост.

Во таа смисла, и сказните, приказните и бајките, сепак, се исклучително поучни и полезни за децата. Тие нѐ учат на:

Одговорност, самостојност, независност

Сѐ додека детето живее со родителите, тие се грижат за битните работи, а животот му е мирен и безгрижен. Но, кусо потоа си велиме: „Еј, се секирав дека имам двојка по Географија, а со што се соочувам сега…“ Одеднаш детето има 18 години, свој стан, а свои сметки и обврски, и сѐ друго низ што минуваат сите. Ова е прва лекција – дека мора да се потпреме, пред сѐ – на себеси и дека никој не е должен да ни го прави животот лесен и удобен. Кога ќе ја прифати таа одговорност, животот на човекот, всушност, станува и попријатен.

Упорност, верба, истрајност

Успешните луѓе имаат одредена предност пред другите. Веројатно се поупорни во остварувањето на целите и помала е веројатноста да се откажат кога некој од нивните напори ќе наиде на пречка. Но, да можеш да се откажеш и да кажеш – не е важно, но и „да се собереш“ емотивно, да го издржиш привременото „нарушување“ или „тешко време“ (какви што секој доживува) и да продолжиш понатаму – тоа секако нѐ прави посилни лчности. На крајот на краиштата, животот оди само во една насока – напред.

Емпатија и сочувство

Колку и да сме успешни, ако сме сами во нашиот успех, тој е нецелосен. Човекот е општествено суштество и има потреба да споделува – и своите достигнувања и тешкотиите. Освен тоа, човекот мора да работи и на својата емпатија – способноста да се стави на местото на другите луѓе, со нивните емоции и искуства – тоа нè прави духовно побогати и всушност ни помага да ги живееме нашите животи со достоинство и смисла – да им помогнеме на другите, кога можеме, на оние на кои им требаме, да сочувствуваме со туѓите чувства, па дури и кога не се согласуваме со нив, да бидеме подготвени да ги чуеме…

Се разбира, напишани „на парче хартија“, овие лекции звучат лесни за учење… Но всушност, треба многу време, искуство и директен судир со животот за човекот да се убеди дека овие работи се важни. А, како да ги пренесете на децата? Тешко дека ќе се успее целосно, но добар почеток е да им се читаат приказни – тие се полни со вакви лекции, макар и претставени на волшебен начин.

Важно е детето уште од најмала возраст да го слушне она што следи натаму во животот… Дел од сè тоа можеби нема да го сфати сериозно, но некаде во нивните мисли ќе се вгнездат основните начела коишто ќе го направат подобар и повреден човек.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 50 минути

Петти ден потрага по Вања, вклучени стотици полицајци, прегледани 50 камери, сослушани 10-тина лица

Вестипред 1 час

ФЛЕШ ВЕСТ| ЦУК: Патот до Галичник исчистен и прооден

Вестипред 2 часа

Земјата денес може да биде погодена од геомагнетна бура

Македонијапред 2 часа

Мухамед Зеќири казнет со 2,5 години затвор

Македонијапред 4 часа

Светски ден за борба против СИДА, годинава во земјава 46 нови случаи

Македонијапред 5 часа

Лавров: Луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент

Гостиварпред 6 часа

Голомразица и ризик од одрони на патиштата кон Стража, Маврово и по долината на Радика, апел за особена внимателност

Македонијапред 8 часа

Проверете го броилото да се осигурате дали имате дневна евтина струја

Гостиварпред 9 часа

Викенд временска прогноза

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 1 недела

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 4 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 7 дена

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 3 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 1 недела

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена