Поврзи се со нас

Гостивар

Принудувал девојки на проституција, продолжен притворот за газда на локал во гостиварско

Објавено

на

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против едно лице кое според опишаните дејствија сторило кривично дело Трговија со луѓе, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик. Судот му го продолжи притворот на обвинетиот, на кому му се заканува казна затвор од најмалку четири години.

Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, обвинетиот во период од месец јули до месец октомври минатата година во својот угостителски објект во гостиварско, употребувајќи сила и закана за употреба на сила и применувајќи психолошко насилство, сексуално и трудово експлоатирал Македонка и Русинка. Девојките работеле во угостителскиот објект, едната на шанк и како келнерка, додека другата како танчерка.

Искористувајќи ја состојбата на ранливост на дваесет и двегодишната Македонка и понудил заштита и времено засолнување од лице што наводно нудело пари за нејзино пронаоѓање, ја сместил во просториите на неговиот угостителски објект и и понудил работа. По одредено време, обвинетиот побарал за неговата услуга за заштита, девојката да прави сѐ што ќе ѝ каже бидејќи сметал дека таа е „негова сопственост и со неа ќе прави што сака“. И покрај противењето на девојката, обвинетиот не само што лично сексуално ја злоупотребувал, туку ја присилувал и да дава сексуални услуги и на други лица од кои наплаќал од 50 – 100 евра. За да може подолго да работи, ја принудувал да користи кокаин. Девојката добивала по 1500 денари на две недели за извршувањето на работите во угостителскиот објект, кои обвинетиот веднаш ѝ ги земал. Воедно, тој насилно ѝ ја одзел и платежната картичка од која без нејзина согласност ја подигнал целата сума во износ од 18.000 евра, а исто така успеал противправно да ја пренесе сопственоста од ПМВ сопственост на девојката на неговиот син, кој по десетина дена истото го продал на трето лице.

Воедно, државјанката на Руската Федерација, по претходна комуникација со познанички, пристигнала во нашата земја кон крајот на август 2021 година. Иако според првичниот договор таа требала да биде танчарка, обвинетиот покрај танцувањето барал и дополнителни услуги од неа односно да дава сексуални услуги на обвинетиот, неговите пријатели и гости во објектот за што наплаќал од 3000 – 8000 денари, а девојката не добивала ништо за возврат. Неможејќи да го издржи физичкото, психолошкото и сексуалното малтретирање девојката искористила погоден момент и го напуштила угостителскиот објект, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Предметниот обвинител ценејќи дека сеуште постојат околностите врз основа на кои му беше определена и продолжувана мерката притвор, му предложи на судот да му ја продолжи веќе изречената мерка.

За кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години.​

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 18 минути

Приведена жена во Гостивар, одзела предмети од трговски објект

Гостиварпред 3 часа

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 3 часа

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 13 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 15 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 18 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Гостиварпред 19 часа

Гостиварски театар: Скоро 40% помалку средства за претстави, ни се блокира работата

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена