Поврзи се со нас

Гостивар

Природата и секојдневието во „Фокус“ – втора самостојна изложба на гостиварецот Радически

Објавено

на

Гостиварецот Александар Радически, вчеравечер по втор пат се претстави со свои дела на самостојна изложба во Гостивар, во Центарот за култура АСНОМ. Насловена како „Фокус“, изложбата содржи фотографии и уникатни ракотворби – украси од дрво и камен и декоративни слики од природни материјали и камчиња.

„Среќен сум што повторно изложувам свои дела пред љубителите на уметноста во Гостивар. Може да кажам дека циклусот е работен во период од една година, а како инспирација и преокупација доминираат природата и секојдневието.“, рече авторот.

За фотографиите на младиот гостиварец, свое видување во каталогот дава ликовиот уметник и критичар, Ратко Богданоски.

„Неговите фотографии претставуваат печат на нашето опкружување, па така авторот се обидел да ни даде една поинаква перспектива на се` она што не опкружува и тоа несебично ни го доближува преку своите фотографии. Урбаната приказна на младиот фотограф Александар Радически, претставува комбинација од ликови, моменти, сцени и предемти од секојдневниот живот, кои сами по себе претставуваат една современа и креативна композиција, која плени со својата спонтаност и едноставност.“, пишува Богданоски.

Дел од изложбата беа и три ракотворби изработени од малата Ана, ќерка на Радически, која од рана возраст покажува интерес кон овој вид на уметност и тргнува по стапките на својот татко.

Александар Радически е роден 1986 година во Гостивар. Со фотографија се занимава скоро две децении и со своите фотографии учествувал на повеќе фестивали и групни изложби низ државата, а „Фокус“ е негова втора самостојна изложба. Последниве години пасија му стануваат и ракотворбите од природни материјали.

Изложбата се реализираше со поддршка на Министерството за култура.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена