Здравје и убавина
Природен МУЛТИВИТАМИН – пијте чај од шипка за спас од вируси и настинки
Есента е период кога човековиот имунитет опаѓа и владеат различни вируси и настинки. Подигнувањето на имунитетот е најважното нешто, во одбрана против нив. За среќа, природата ни дава многу растенија, овошја, зеленчуци коишто се одлични за зачувување на нашето здравје и зајакнување на одбранбениот механизам. Едно од таквите природни богатства е шипката.
Шипката е лековита билка која е исклучително богата со Ц витамин. Тоа важи за сите продукти од шипка, чај, мармалад, сируп, сок, сите се меѓу најдобрите извори на овој важен витамин за имунитетот. Исто така, содржи и витамини П, Б12, Б2, Б1, К, А, како и натриум, јаболкова и лимонска киселина, природен шеќер, етерични масла, пектин, танин, растителни влакна, минерали…Листата е навистина долга, што значи имате безброј причини да ја конзумирате секојдневно во било која варојанта.
Шипката поволно делува на дигестивниот систем, а се препорачува и за спречување на камен во бубрезите и мочните канали. Ги чисти дишните патишта и го олеснува дишењето. Ја подобрува циркулацијата и ја прочистува крвта. Смирува кашлица и помага во исфрлање на секретите од белите дробови и грлото. Има благотворно дејство и за детоксификација на организмот.
По еден филџан чај од шипка ќе биде добредојден за вашето тело во борбата против настинките и вирусите оваа есен. Секако, најдобро е да користите домашен, од сушени плодови. За да го засилите дејството, во чајот додавајте малку лимон и мед.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар