Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Природни лекови за заштита од комарци

Објавено

на

Комарците можат да пренесат многу заразни болести, но за човекот изгледа чешањето после каснувањето од овој инсект е најголем проблем.

Ви претставуваме природни начини кои помагаат после каснувањето, местото помалку да чеша. Повеќето од овие препарати се наоѓаат во нашите домови.

Мраз

Ледената терапија ќе го намали чешањето и ќе го спречи отокот на каснатото место. Мразот ги трпне нервите кои предизвикуваат чешање и болката, па така со помош на ладната облога ќе се ослободите од овие два проблеми.

Оцет

Овој домашен лек го сопира чешањето благодарение на киселината. Ставете две до три чаши во купката или само неколку капки на парче вата. Оцетот од јаболко е најделотворен.

Мед

Медот има широк спектар бенефиции на целокупното здравје, вклучително и против-воспалително дејство, како и антибактериски својства. Малку мед директно ставете на местото од убодот од комарец.

Кесичка чај

Танинот од чајот ги извлекува вишокот течности од отокот.

Сода бикарбона

Содата има алкална компонента која го неутрализира pH балансот на кожата. Тапкајте сода на местото на убодот.

Босилек

Ароматичниот лист на босилекот содржи камфор и тимол – две компоненти кои го намалуваат чешањето. Листот можете директно да го ставите на каснатото место.

Лимон

Ова овошје има антибактерско и антимикробно дејство. Неговиот сок или кора ги убива сите видови бактерии. Единствен недостаток е што неговото дејство не е добро во комбинација со сонцето, затоа користете го само дома.

Кора од банани

Некои луѓе се колнат во ефикасноста на кората од банана, а други велат дека не им помага, меѓутоа, не штети за да пробате. Лекарите велат дека кората од банана ја извлекува течноста од каснатото место, а со самото тоа чешањето постепено се намалува.

Млеко и вода

Помешајте млеко и вода во еднаков сооднос и ставете го облогот на убодот. Ова е многу ефикасен лек и помага при намалување на воспалението, го намалува чешањето и отокот. Ова е добар начин и за ублажување на изгорениците од сонцето.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена