Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Пристојна плата и поголеми права за работниците – Првомајски протести во Скопје

Минималната плата да изнесува најмалку 13.800 денари – побара ССМ од пред Владата, по повод Меѓународниот ден на трудот. Велат да ги задржиме младите во Македонија и да им дадеме повисоки плати, да се стави крај на мобингот и дискриминацијата, сите вработени да имаат право на регрес за годишен одмор, да има еднаквост и рамноправност на жените, К15 и во јавниот сектор – БЕА само дел од останатите барања кои членовите на Сојузот на синдикати ги испратија до надлежните.

Во голем број од пред зградата на ССМ тргнаа по скопските улици и стигнаа до Владата, а оттаму порачаа дека во годината во која течат активности за изготвување на нов закон за работни односи, токму тие како Сојузот на синдикати на Македонија очекуваат да биде стожер на неговото креирање во насока на негово прилагодување на европското и светското трудово законодавство.

Со транспаренти во рацете – Човекот над профитот – неколку улици подолу во центарот на Скопје протести организираше и конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Побараа денешниот ден синдикатите да го поминат во барање права – а не со скара. Оттаму порачаа дека се потребни итни промени, бидејќи ги губиме луѓето, а со тоа го губиме и општеството.

Велат во Сојузот на синдикати не владее демократија, па затоа тие маршираат сами. Протесниот марш на конфедерацијата на синдикати, преку социјалните мрежи беше поддржан и од здружението Бојкотирам, но за време на маршот тие ги обвинија дека се продолжена рака на власта и дека во Македонија нема независни синдикати.

По повод Меѓународниот ден на трудот се огласи и самостојниот синдикат на образование, наука и култура. Тие во својот првомајски проглас изразија незадоволство од положбата на нивните членови во дејностите на детската заштита, основно, средното, но и високото образование – посочувајќи дека тие се со најмали примања во јавниот сектор. 1 Мај меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. До 2006 година во Македонија неработни денови беа 1 и 2 мај, од 2007-та за неработен ден беше прогласен само 1 мај.

Извор: 24.mk

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!