Поврзи се со нас

Гостивар

Притвор за трите лица осомничени за нападот врз обвинител од ОЈО Гостивар

Објавено

на

Судија на претходна постапка од Основиот суд Тетово определи мерка притвор од 30 дена на трите лица осомничени за нападот во Чегране врз јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар. Според информациите од полицијата, тие вечерва ќе бидат спроведени во КПУ Затвор Скопје, за издржување на притворот.

Настанот се случил утрово во 5.30 часот. МВР соопшти дека набрзо потоа подоцна полициски службеници лишиле од слобода 40 годишник, неговиот малолетен син, двајцата од Чегране, и 41 годишник од Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека по претходна расправија околу недоразбирања во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле 39 годишниот обвинител Х.И. од Форино.

Јавното обвинителство излезе со соопштение дека бил извршен обид за убиство на јавниот обвинител и дека тој бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот, но е надвор од животна опасност и е на лекување на скопските клиники.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена