Гостивар
Приведен 20 годишник на патот Маврови Анови-Дебар, физички се пресметувал со брачен пар

СВР Тетово информира дека полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера (22 ноември) околу 18 часот и 30 минути, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста „Бошков мост“ го лишиле од слобода 20-годишниот Е.А. од долнореканско Могорче.
„Тој бил пријавен дека половина час пред тоа физички се пресметувал со 42-годишниот А.З. и неговата 41-годишна сопруга Ф.З. во дворот пред нивната семејна куќа, а на што му претходела нивна меѓусебна вербална расправија. Според пријавеното, Е.А. во пресметката користел и остар предмет со кој ги повредил сопружниците А.З. и Ф.З..“, стои во полициската информација.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?