Поврзи се со нас

Гостивар

Приведен крадец во гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Објавено

на

Денеска (07.12.2022) околу 01.50 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Х.В.(33) од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно на улица „143“ во Гостивар одзел патничко возило „форд ескорт“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(44) од Гостивар.

Возилото било вратено на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена