Гостивар
Приведен сопственик на локал пред влезот на Гостивар, не се почитувале протоколите

Вчеравечер 2/3 октомври од 23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостотелски објект, сопственост на З.Б.(47) , лоциран покрај патот Гостивср-Тетово, пред влезот на Гостивар.
„При контролата било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и владините мерки за справување со “ковид-19”, поради што сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Тој, исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал.“, соопшти полицијата.
При контролата во објектот биле затекнати и 5 странски државјанки ангажирани како танчерки, од кои 3 од Република Албанија и 2 од Република Косово, на различна возраст од 26 до 45 години, кои го злоупоттебиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, а објектот е времено затворен.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер