Вести
Приведени 15 лица поради уривањето на згради во Дијарбакир во земјотресот во Турција

Во Турција се приведени 15 од 39 осомничени под обвинение за нерегуларности во изградбата на згради што се урнаа во турската област Дијарбакир, јави Анадолија. Обвинителството во Дијарбакир почна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на зграда што се урна во земјотресот на 6 февруари.
Полицијата синоќа приведе 15 осомничени, вклучувајќи ги и изведувачите на работите, под обвинение за кривично дело „убиство со предумисла“.
Во тек се активности за приведување на уште шестмина осомничени кои се во бегство.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Во серијата земјотреси кои ја потресоа Турција животот го загубија 36.187, додека во соседна Сирија загинаа околу 4.000.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава