Гостивар
Приведени две лица кои ограбиле гостиварка што ги ангажирала за помош по дома
Две лица од тетовско биле приведени во Полициска станица, по пријава за кражба.
МВР соопшти дека вчера (4 август) во периодот од 19.30 до 20.00 часот, постапувајќи по претходна судска наредба од Основен суд Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во патничко возило „фолксваген туран“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. на возратс од 34 години од село .Долно Палчиште, Општина Боговиње, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршено кривично дело „кражба“, пријавена во 11.25 часот од 83 годишната А.Х. од Гостивар.
„Според пријавеното, А.А. и Џ.А. од Долно Палчиште, ангажирани како помошници кај пријавителката, во повеќе наврати одзеле пари и вредни предмети од неа. Пронајдените предмети се одземени, а Џ.А. и А.А. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.“, извести МВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград