Гостивар
Приведени две лица за напад на полициски службеници
Ноќеска (29 мај) околу 3 часот и 15 минути, додека вршеле службени дејствија на магистралниот пат Гостивар-Кичево, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, запреле патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со косовски регистарски ознаки што го управувал А.А.(28) од гостиварска Лакавица, а во кое како сопатници се наоѓале И.А.(31) од истото село и Б.Д.(36) од тетовско Долно Палчиште.
По извршената контрола, возилото се оддалечило и по кусо време се вратило назад, по што А.А. се обидел со предниот дел да удри еден полициски службеник, додека Б.Д. се обидел физички да ги нападне, соопштуваат од полицијата.
А.А. и Б.Д. лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград