Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 13/02/2019 | 11:42

Приведени гостиварци: едниот поседувал марихуана, другиот не почитувал домашен притвор

Две лица од Гостивар вчеравечер биле приведени во Полициска станица. Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека ноќеска околу 23 часот и 20 минути, на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, го лишиле од слобода 21-годишниот гостиварец А. М. кај кого полицијата пронашла марихуана. Лицето било заедно со  26-годишниот сограѓанин Ф. З. кој, исто така, бил лишен од слобода поради непочитување на судска наредба за куќен притвор.

Надлежните информираат дека ги преземаат мерките за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Напишете коментар