Поврзи се со нас

Гостивар

Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

Објавено

на

На 05.12.2022 во 15.20 часот во шума во атар на гостиварско Врањовце, полициски службеници од Полициското одделение – Галате го лишиле од слобода лицето И.Р.(41) од с.Врањовце.

Околу 15.20 часот на земјен пат на место викано „Црквиште“, тој бил затекнат како врши бесправна сеча на дрва. Исто така, биле пронајдени и 18 исечени стебла од дрво, кои биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка, информираат од полицијата.

Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена