Локални избори 2022
Привремена Комисија на обвинителството ќе следи евентуални изборни нерегуларности
Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
Формираната комисија на јавното обвинителство проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување. Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами е определен за претседател на комисијата. Членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.
„Членовите на комисијата, како и вработените вклучени во нејзината работа, на дневна основа ќе ги следат сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.“, стои во соопштението од обвинителството.
Јавното обвинителство ги повикува граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции и сите лица кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата, на електронската адреса [email protected].
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија
Вести
Komision i përkohshëm i prokurorisë do të ndjek parregullsi eventuale zgjedhore
Prokurori publik solli vendim për formimin e Komisionit të përkohshëm për ndjekjen e parregullsive eventuale të lidhura me kryerjen e veprave penale kundër zgjedhjeve dhe votimit nga Kodi penal dhe vepra të tjera penale të cilat do të ishin t kryera gjatë organizimit dhe zbatimit të zgjedhjeve.
Komisioni i formuar i prokurorisë publike në mënyrë proaktive do t’i ndjek ngjarjet,në drejtim të mbrojtjes nga veprimet kriminale dhe vepra të tjera kundërligjore dhe veprim preventiv. Anëtarë janë prokurorë publik nga prokuroritë tona dhe Prokurori themelore publike Shkup.
“Anëtarët e komisionit, si dhe të punësuarit të kyçur në punën e tij, në bazë ditore do t’i ndjekin të gjitha ngjarjet nga shteti të lidhura me procesin e organizimit dhe zbatimit të zgjedhjeve. Për ato ngjarje për të cilat do të vlerësohet se japin indikacione për parregullsi eventuale zgjedhore të bëra, lajmërimet dë të përcillen menjëherë deri te prokuroria themelore publike adekuate. Në të njëjtën kohë, do të jepen obligime deri te prokuroritë themelore publike për veprim urgjent, gjegjësisht të formojnë lëndën dhe të ndërmarrin veprim për verifikimin e fakteve relevante nga të cilat varen zbatimi i drejtë i Kodit penal.”, qëndron në njoftimin e prokurorisë.
Prokuroria publike i thirr organizatat qytetare, partitë politike, institucionet shtëpiake dhe ndërkombëtare dhe të gjithë personat që mendojnë se në ndonjë veprim ka indikacione për vepër penale të kryer të lidhur me procesin zgjedhor, të kërkojnë parashtesë/ paraqitje deri te Komisioni, në adresën elektronike [email protected].
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија