Гостивар
Признанија за пет гостиварци по повод Денот на општина Гостивар
Петмина гостиварци кои го афирмираат Гостивар на полето на културата, уметноста, спортот и образованието добија признанија-благодарници на свеченост која се одржа по повод Денот на општината, 23 Декември. Признанија им беа доделени на: д-р проф. Фадил Хоџа- ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, Анди Исмаили – светски шампион во модерен балет, Даниел Ѓорѓески – ракометар, Лиза Абдија – млада актерка и Метин Мемед – млад писател.
Во своето обраќање на настанот, градоначалникот Арбен Таравари меѓу другото рече:
„Денес се собравме тука за да славиме, да ја почитуваме нашата општина како институција со повод дека 23 Декември е Ден на општината. Би сакал да ја искористам приликата и да кажам за потешкотиите со кои се соочуваме секојдневно, се случува една лоша работа, а тоа е политичко гонење, политички инает со кој се кочи развојот на градот. Да одеа инспекторите низ институциите на централно ниво, како што доаѓаат кај нас секој ден и тоа неосновано, ќе немаше толку корупција таму. Никој не може да му го одземе правото на еден град да се равие. Откако почнавме да ја раководиме општината, никогаш не сме правеле политичка одмазда кон администрацијата, сметајќи дека треба да го надминеме поранешниот дух со бркање од работа кога ќе се смени градоначалник. Општината им припаѓа на сите, јас сум убеден дека Гостивар ќе стане подобро место за живеење, вие сте домаќините, ние сме вработените, јас добивам инспирација од нашите предци и историјата и горд сум на Гостивар, што е град на историјата, културата, знаењето“.
На свеченоста присуствуваа поранешни градоначалници, пратеници, општински советници, претставници на верските заедници, личности од јавниот живот како и Амбасадорката на Црна Гора,Марија Петровиќ и градоначалникот на Улцињ, Омер Бајрактари.
Пред присутните беше прикажана кратка видео презентација на реализирани проекти на општината, а имаше и културно-уметничка програма.
Признанија за 2022 година им беа доделени на:
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар