Гостивар
Проблеми од обилните дождови: Неколку горнорекански села трет ден отсечени откако се урна мост

Обилните врнежи од дожд кои го зафатија западниот дел на земјава деновиве, предизвикаа проблеми во горнореканскиот крај (Општина Маврово Ростуше). Трет ден неколку села на тоа подрачје се отсечени од светот, откако во петокот (15 декември) се урна мост на Рибничка река, во должина од 6-8 метри кој се наоѓа на 20-тина километри од Нистрово. Освен ова село, отсечени се Римница, Бибај, Тануше, Грекај, Нивиште и Жужње.
За урнувањето на мостот денес информираше и АМСМ.
Според информации од Центарот за управување со кризи, поради обилните врнежи ноќта меѓу 14-15 декември, реката Радика беше излеана од своето корито нa неколку места. Локалните притоки наРадика поради надојдените води беа излеани на главниот пат од Бошков мост до Жировница , на неколку места. Имало одрони од земја и камења во близина на манастирот Бигорски, кои од страна на екипи на Македонија Пат се исчистени.
Помеѓу селата Ростуше и Јанче водата донела големи наслаги од земја и кал кои со машини на Македонија Пат и од општината се санирани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава