Гостивар
Проблеми со струјата во Гостивар и селата, граѓани реагираат на зачестени прекини

Изминатите денови граѓани на Гостивар и жители од околните села реагираат на зачестени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Граѓани од градот реагираат дека снемува струја во различни периоди во денот и прекинот некогаш трае по час-два, или снемува повеќепати во текот на денот во пократки временски интервали. Нагласуваат дека тоа им претставува голем проблемпред сѐ со греењето, со оглед дека е зимски студен период, но и стравуваат од можни дефекти на електричните уреди.
Реакции за прекини на електричната енергија доаѓаат и од селата Врапчиште, Дебреше и други. Конкретно, жители на Врапчиште тврдат дека дел од селото нема струја повеќе дена.
„Многу пати сме се пријавиле и никому не му е грижа. Се грееме со клима и парно на струја. На ова студено време не можевме да се стоплиме 4 дена. И покрај тоа што пријавуваме дека има електрични кабли на земја, никој не обрнува внимание. Се кажува дека се работи на терен, но во областа каде живееме не сме виделе екипа“, се пожали жител на Врапчиште.
За проблемот побаравме објаснување од ЕВН од каде го добивме следниот одговор:
„Во овие села тековно се работи на реконструкција и модернизирање на мрежата, а со жителите имаме одлична соработка. Дел од проектите се завршени, а за дел од нив продолжуваме со секојдневна работа на терен. Во селата со недовршени проекти, загубите сѐ се уште на високо ниво како резултат на нелегалните приклучувања и неконтролираното трошење на енергија од страна на дел од жителите. Исто така, дел од корисниците трошат над дозволеното според стандардните приклучоци во државата кои изнесуваат 11кВ едновремена моќност, а со тоа и предизвикуваат преоптоварување на мрежата. Овие корисници треба да се обратат во Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Гостивар со барање за зголемување на моќноста.“
Во гостиварски Балиндол нема струја поради дефект од вчера 19 часот, кога се запали бандера и најверојатно е изгорен главен кабел.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог