Гостивар
Проблемот со кучињата скитници во Гостивар ќе се разгледува на Совет, проценка дека ги има околу 1.000

Справувањето со големиот број на кучиња скитници низ гостиварските улици ќе се дискутира на следната седница на општинскиот Совет, кога на дневен ред е Програмата за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на општина Гостивар за 2023 година.
Како што е наведено, главната цел на програмата е контрола над популацијата на бездомните кучиња ефикасно, одговорно, хумано, трајно, надминување на проблемот со што ќе се гарантира здравствената заштита и јавната безбедност на населението и спречи создавање/прилив на нови кучиња на улица преку спроведување на стратегијата „залови –стерилизирај – вакцинирај-врати“ на бездомните кучиња и сите кучиња кои се затекнати слободни на улица.
Проценка на изготвувачите на Програмата е дека на подрачје на Општина Гостивар има околу 1000 бездомни кучиња,од кои 650 во градот и останатите 350 по селата.
Активностите опфаќаат: заловување на животните, транспорт до стационарот, прием и преглед од овластен ветеринар, лабараториско испитување, вакцинација, стерилизација, повторно враќање на животните на локацијата од каде биле заловени…
Во Програмата стои дека Општина Гостивар има потреба за изградба на нов и поголем центар со резерват за грижа на бездомните и опасни животни, за што е потребна проектна документација, а финансиските средства се вкупно 2.000.000,00 денари од буџетот.
„Посвојување и вдомување е најхуман начин за згрижување на напуштените кучиња и мачки. Сите животни кои се вдомуваат, мора да бидат вакцинирани, и стерилизирани и да имаат микрочип, а оваа постапка важи и за сопственикот кој веќе имал вдомено животно.Со цел да се олесни и промовира вдомувањето на бездомните животни, стационарите треба да соработуваат со здруженијата за заштита на животни како и заинтересираните граѓани.Задолжително е редовно фотографирање на сите животни и нивно објавување на наменски отворени веб портали, се со цел да биде олеснет и поттикнат процесот на вдомување миленик.“, стои во Програмата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава