Поврзи се со нас

Гостивар

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар ќе се разгледува на Совет, проценка дека ги има околу 1.000

Објавено

на

Справувањето со големиот број на кучиња скитници низ гостиварските улици ќе се дискутира на следната седница на општинскиот Совет, кога на дневен ред е Програмата за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на општина Гостивар за 2023 година.

Како што е наведено, главната цел на програмата е контрола над популацијата на бездомните кучиња ефикасно, одговорно, хумано, трајно, надминување на проблемот со што ќе се гарантира здравствената заштита и јавната безбедност на населението и спречи создавање/прилив на нови кучиња на улица преку спроведување на стратегијата „залови –стерилизирај – вакцинирај-врати“ на бездомните кучиња и сите кучиња кои се затекнати слободни на улица.

Проценка на изготвувачите на Програмата е дека на подрачје на Општина Гостивар има околу 1000 бездомни кучиња,од кои 650 во градот и останатите 350 по селата.

Активностите опфаќаат: заловување на животните, транспорт до стационарот, прием и преглед од овластен ветеринар, лабараториско испитување, вакцинација, стерилизација,  повторно враќање на животните на локацијата од каде биле заловени…

Во Програмата стои дека Општина Гостивар има потреба за изградба на нов и поголем центар со резерват за грижа на бездомните и опасни животни, за што е потребна проектна документација, а финансиските средства се вкупно 2.000.000,00 денари од буџетот.

„Посвојување и вдомување е најхуман начин за згрижување на напуштените кучиња и мачки. Сите животни кои се вдомуваат, мора да бидат вакцинирани, и стерилизирани и да имаат микрочип, а оваа постапка важи и за сопственикот кој веќе имал вдомено животно.Со цел да се олесни и промовира вдомувањето на бездомните животни, стационарите треба да соработуваат со здруженијата за заштита на животни како и заинтересираните граѓани.Задолжително е редовно фотографирање на сите животни и нивно објавување на наменски отворени веб портали, се со цел да биде олеснет и поттикнат процесот на вдомување миленик.“, стои во Програмата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена