Гостивар
Проблемот со кучињата скитници ја вжешти дискусијата во Советот на Гостивар
Програмата за справување со проблемот со кучињата скитници ја вжешти атмосферата во Советот на Општина Гостивар. Документот беше усвоен едногласно, но на гласањето му претходеше остра дебата меѓу противничките советнички групи.
„За жал, кучињата скитници во Гостивар се топ тема. Општината се рекламира дека прави нешто, а кучињата се множат, постојано има случаи на каснување и ситуацијата е навистина загрижувачка.Сакам да прашам дали се` уште кучињата се носат да се третираат во Тетово, нема ли ветеринари во Гостивар и освен перење на пари, каков конкретен чекор ќе преземе општината за овој проблем“, рече советникот од ДУИ, Адис Исмаили.
Му реплицираше советничката од Алијанса за Албанците, Њомза Шаќири која рече дека проблемот го има на целата територијата на земјава, дека општината презема мерки, а дополнително и се отежнува работата со носење на кучиња од други градови.
„До општината биле доставувани фотографии и видеа на кои се гледа како во Гостивар се истоваруваат бездомни кучиња со камиони од други места. Со донесувањето на оваа Програма, третирањето на кучињата ќе почне посериозно и затоа треба да се поддржи“, изјави Шаќири.
Советникот од СДСМ, Зоран Ангелов посочи дека општинската власт што побрзо треба да го реши проблемот. „Секоја недела има каснувања, дали на деца или возрасни луѓе. Еве, сега пред општината да излезете, ќе видите дека има пет-шест кучиња. Овде се работи за агилност на општинската власт, кажете каде е стационарот за кој се зборува? Час поскоро мора да се реши проблемот. Што се однесува до Програмата, хартијата трпи се`, но така не доаѓаме до решение. Треба да се работи“, рече советникот.
Во дебатата се вклучи и Миртезан Селими, советник од Алијансата, кој побара Програмата да биде поддржана од советниците како чекор напред во справување со проблемот. „Факт е дека кучињата скитници се проблем кој бара сериозен третман и тоа не е само во Гостивар, туку и во цела земја, па и на балканските простори. Оваа програма е во рамки на законот и треба да и дадеме поддршка“, нагласи Селими.
Од Општината проценуваат дека во градското подрачје и приградските населби на Гостивар има околу 350 бездомни кучиња. Со Програмата се предвидува заловување и третирање на сите кучиња скитници до крајот на годината, во неколку организирани акции и по потреба во случај на пријава од граѓани за агресивни кучиња скитници.
Финансирањето ќе се врши од средствата предвидени во буџетот во висина од 2 милиони денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар