Македонија
Продолжен рокот за бесплатни микрочипови за миленичињата – казните од 100 до 1.000 евра

Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за реализација на акцијата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици. Наместо на 31 март како што беше најавено, оваа активност ќе заврши на 31 декември годинава. За таа цел набавени се бесплатни 100 илјади микрочипови. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанансов, на прес конференција истакна дека акцијата продолжува, бидејќи во системот на Агенцијата досега се евидентирани 49 илјади домашни миленици.
„Од 1 април, од кога почнува да тече новиот рок за реализација на оваа акција, аплицирањето на микрочипот ќе се наплатува по 200 денари од страна на ветеринарните друштва, за издавање на пасошот за миленикот ќе се плаќа по 120 денари, додека самиот микрочип, кој го обезбеди Агенцијата ќе биде бесплатен. Од 1 април, инспекциксите служби ќе изрекуваат и соодветни мерки доколку затекнат неидентификуван миленик. Казните за физичките лица се движат од 100 до 150 евра, а за правните лица илјада евра во денарска противвредност“, рече Атанасов.
Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците, е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство во која една од точките се однесува и на одговорното сопствеништво и справувањето со проблемот со бездомните кучиња.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?