Спорт
Продолжува и шпанската Ла Лига
После долгата пауза поради пандемијата со корона вирусот, вчера (четврток, 11.06.2020) со градското дерби помеѓу Севиља и Бетис продолжи најквалитетниот фудбал и во Шпанија. Треба да се доиграат преостанатите 11 кола, а планирано е да се заврши шпанското првенство до 19-ти јули, што значи ќе се игра со забрзано темпо и со густ распоред безмалку, секој трет ден, но без публика на стадионите.
Во премиерниот натпревар од 28-то коло Севиља беше подобра од градскиот ривал со 2:0 и со новите три бода го задржа третото место во лигата со 6 бода зад Реал Мадрид и 8 позади водечката Барселона.
Денес на програмата се два дуели, Гранада го дочекува Хетафе од 19:30 часот, а од 22:00 часот Валенсија ќе биде домаќин на Леванте. Останатите дуели се на програмата утре (сабота) и во недела (13-ти и 14-ти, Јуни).
Како веќе напоменавме, денес се враќа и италијанскиот фудбал со куп натпреварот помеѓу Јувентус и Милан.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград