Спорт
Продолжува кошаркарското првенство: КК Гостивар му гостува на Куманово

По скоро еден месец пауза, викендов продолжуваат кошаркарските возбудувања во Првата македонска кошаркарска лига. Се игра 13-то редовно коло, КК Гостивар денес му гостува на екипата на Куманово.
Кумановци важат за традиционално незгоден противник на екипата од Гостивар, сезонава имаа лош старт па полусезоната ја завршија на 10-тото место со скор од 4 победи и 8 порази. Во зимскиот преоден рок Куманово го ангажираше Александар Андрејевиќ, кој треба да биде од огромен придонес во обидот да фатат приклучок со тимовите од горниот дел на табелата.
КК Гостивар влегува во вториот дел од 4-та позиција на табелата, со скор од 7 победи и 5 порази. Зимскиот преоден рок помина без нови имиња во редовите на гостиварци, од клубот замина Андреј Цветковски. Првиот дуел во Гостивар сезонава помеѓу овие две екипи го добија избраниците на Александар Јончевски.
Натпреварот се игра во салата „Перо Наков“ – Куманово, од 18 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите