Спорт
Продолжува Лигата на Нации: Естонија-Македонија денеска од 18 часот
Објавено
пред 5 месецина

Фудбалската селекција на Македонија денеска од 18 часот ги продолжува настапите во новото издание на Лигата на нации во лигата Ц. Во Талин нашата репрезентација ќе се сретне со Естонија.
Македонските репрезентативци ќе се обидат да ја забележат втората победа во групата, во која се на чело по 2 меча и 4 освоени бода, во нашата група уште се Грузија и Ерменија.
Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и репрезентативецот Иван Тричковски на официјалната прес-конференција спроти утрешниот натпревар против Естонија во Талин ги споделија своите очекувања за натпреварот од третиот круг од групата Ц во Лига на нации.
– Се подготвуваме како и за секој друг натпревар. Мечот против Косово веќе е зад нас и целосно сме фокусираме на овој натпревар. Стартувавме добро во групата од Лига на нации и нашата цел е освојување на трите бода на утрешниот дуел. Квалитетот на моите фудбалери ми дава право да верувам дека ќе успееме, навистина сум среќен што работам со оваа група на фудбалери кои на секој следен натпревар ја потврдува својата вредност. Сите се ставаат во функција на тимот и на тој начин ги покриваме и проблемите кои ги имаме со повредени фудбалери. Го почитуваме противникот, имаат добри фудбалери, Туњов од Спал, Васиљев од Флора и треба да бидеме максимално внимателни, изјави селекторот Ангеловски.
Репрезентациите на Македонија и Естонија досега се сретнале три пати, нашата селекција нема пораз во меѓусебните дуели, во денешниот натпревар влегува со скор од 2 победи и 1 нерешен резултат против Естонија.
ФФМ пред денешниот натпревар јавува за несакана ситуација во Талин, тројца членови на македонската експедицја во Естонија се позитивни на Ковид-19.
„Тројца членови од македонската А репрезентација, еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба, денеска добија “претпоставени позитивни резултати” (означен назив на тестовите) на последното тестирање за присуство на вирусот Ковид-19, извршено по пристигнувањето на нашата репрезентација во Талин за натпреварот меѓу Естонија и Македонија од Лига на нации. Сите членови на македонската селекција, пред почетокот на подготовките за натпреварот со Косово, пред самиот натпревар со Косово и еден ден после мечот со Косово, односно пред заминување за Талин, добија негативни резултати од тестирањата направени во овластена лабораторија на УЕФА. Веднаш побарано дополнително тестирање за тројцата членови на репрезентацијата, но за жал, во овој момент, тројцата мора да бидат изолирани во хотел, а фудбалерот нема да може да биде во комбинација за настап на вечерашниот натпревар“, велат од ФФМ.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Удрил со автомобил во полицајци на улица во Гостивар

Гостиварци мераклии на свадби, забраната за веселби драстично го намали бројот на бракови

Обвинение за свирепо убиство при семејно насилство во Гостивар

Гостивар и денес со двоцифрен број потврдени нови ковид случаи

На патот Гостивар-Тетово фатени 30 лица кои возеле пребрзо

Малолетник нападнат од таткото на неговата девојка

На социјалните мрежи забележани повици за самоповредување на малолетни лица – МВР апелира за внимателност!

Неделен ковид биланс: Пораст на нови случаи за 56%, оздравени и починати на исто ниво

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Земјотрес почувствуван во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 4 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 1 ден
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот