Спорт
Продолжува најквалитетниот европски фудбал – денес на програмата Европа лигата
Откако се спуштија завесите во најзначајните европски фудбалски лиги, на ред дојдоа и најквалитетните европски клубски натпреварувања. Се враќаат Лигата на шампионите и Европа лигата.
Откако се одиграа првите мечеви, поради пандемијата со Ковид – 19, натпреварувањето беше прекинато, па така вечер и утре (четврток) на програмата се реванш натпреварите од осминафиналето од Европа лигата. Исклучок се двата италијанско-шпански дуели помеѓу Интер – Хетафе и Севиља – Рома кои не успеаа да ги одиграат ни првите осминафинални дуели, поради што одлучено е истите да одиграат само по еден натпревар од осминафиналето на неутрален терен во Германија, со што немаат право на грешка.
Вечер на програмата се четири дуели. Од 18:55 часот се среќаваат: Копенхаген – Башакшехир и Шахтјор – Волсбург, додека од 21:00 часот своите дуели ги играат Интер – Хетафе и Манчестер Јунајтед – ЛАСК.
Останатите четири натпревари се играат утре. Од 18:55 часот се среќаваат Баер Леверкузен – Глазгов Ренџерс и Севиља – Рома, а од 21:00 часот Базел – Ајнтрахт Франкфурт и Вулверхемптон – Олимпијакос.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград