Поврзи се со нас

Гостивар

Продолжува намалувањето на бројот на дечиња во училиштата во Гостивар

Објавено

на

    Пред почетокот на секоја учебна година се актуелизира прашањето за намалување на бројот на деца во гостиварските училишта. Сѐ повеќе школски клупи зјаат празни, а во паралелките има се‘ помалку ученици.

    Нормата на законски минимум за формирање паралелки во најголем дел од училиштата е недостижна, поради што се потегнуваат правните механизми за функционирање. Општинскиот Совет дава согласност да се формираат паралелки во училиштата со помалку од 24 ученици. Ваква одлука, во пресрет на новата учебна година се донесе и на денешната седница на гостиварскиот Совет.

    „Бележиме постојан пад на бројот на ученици, а потребно е да се формираат паралелеките. Барања за паралелки со помалку од 24 деца имаме од училиштата, како во градот, така и во селата.“, рекоа од Секторот за образование.

    Одлуката беше изгласана, но пред тоа се разви дебата во насока на тоа дали се почитува реонизација при упис на ученици, колку тоа се контролира, за потребата од деневен престој во школите во селата и слично.

    Од Секторот за образование истакнаа дека изминатиот период бил одржам состанок со директорите на сите училишта, била нагласена потребата од почитување на реонизацијата и најавија контроли за тоа.

    Намалениот број на ученици пред сѐ се должи на масовното иселување, а и на одложување на мајчинството и тековите на формирање семејства со едно до најмногу две дечиња.

    Актуелните податоци за бројката на ученици за новата учебна година се очекува да бидат познати во понеделник, кога по летниот распуст ќе заѕвони училишното ѕвонче.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена