Спорт
Продолжува победничката серија на КК Гостивар, цел плен и против ТФТ Скопје 90-83

Кошаркарите на Гостивар го продолжија извонредниот старт на сезоната запишувајќи ја вечерва третата победа од исто толку натпревари, над ТФТ Скопје со резултат 90-83.
Изедначена битка се водеше во првиот дел, за нијанса беа подобри домаќините успевајќи да ги добијат и двата период (24-22) и (22-20) и на паузата заминат со 4 поени позитива 46-42.
Разликата остварена во третиот период се испостави дека е пресудна за победата на гостиварци, избраниците на Љупчо Малинков ги одиграа најдобрите 10 минути добивајќи ја четвртината (21-13). Во последниот период домаќините го контролираа резултатот одржувајќи двоцифрена предност, за гостите во завршницата со шутерско шоу намалат, односно постават конечните 90-83.
Георги Корсантија имаше уште едно фантастично издание со 23 поени и 17 скокови беше најдобар поединец на натпреварот, Пипкинс запиша 22, а Ефремовски 22 поени. Кај ТФТ Скопје Бартрик беше најрасположен со 15 поени.



-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение