Поврзи се со нас

Вести

Продолжува потрагата на Халкидики по двајцата исчезнати македонски државјани

Објавено

на

Без резултат е досегашната потрага во текот на ноќта во морскиот дел на првиот крак на Халкидики, по двајцата исчезнати, веројатно македонски државјани, а спасувачката акција продолжува и денеска како во море така и од воздух, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од грчката крајбрежна служба, потрагата и денеска се води под лоши временски услови со силен ветер со јачина од шест бофори (над 40 километри на час), а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, чамци и бродови што се во близина и хеликоптер.

Спасувачката акција започна вчера околу 19 часот по локално време, откако тројцата пријатели, на плажата Мити во Посиди, влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, а еден од нив беше спасен.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина вчера потврдија дека спасениот е од Северна Македонија и станува збор за 25-годишно момче, кое е во добра здравствена состојба.

За останатите двајца, се претпоставува дека и тие се македонски државјани, меѓутоа нема официјална потврда од надлежните, иако грчките медиуми тврдат дека исчезнатите се од Северна Македонија.

Според локалните медиуми, еден од тројцата пријатели имал роденден и дошле на Халкидики за да го прослават, а во некој момент влегле во морето да се капат, без да ги земат предвид силниот ветер и брановите.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започнала и спасувачката акција.

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за грчките медиуми објасни дека конкретната плажа е многу опасна за пливање бидејќи има морски струи и големи бранови.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар по 9 години се врати во Првата македонска фудбалска лига

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена