Вести
Продолжува рекордниот раст на рубљата во однос на доларот и еврото

И покрај најголемите санкции во историјата наметнати од Запад против Русија, рубљата продолжува да зајакнува во однос на доларот и еврото.
Рубљата денеска продолжи да расте во однос на доларот на Московската берза, при што американската валута падна под нивото од 58 рубљи за прв пат од април 2018 година. Во тргувањето во 7:33 часот по средноевропско време, рубљата зајакна за повеќе од 3,0 отсто, пренесува Ројтерс.
Курсот на еврото пак падна под 60 рубљи, првпат од април 2017 година, соопшти Московската берза.
Рубљата зајакна повеќе од 24 отсто од почетокот на годината и покрај економската криза, со што стана најуспешната валута во светот во однос на перформансите на пазарот, поддржана од контролата на капиталот воведена од Русија кон крајот на февруари за да го заштити својот финансиски сектор по специјалната војска операција во Украина.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето