Македонија
Продолжува штрајкот во училиштата и градинките, СОНК и Владата со нова средба во обид за договор

Во основните и средните училишта и во градинките денеска продолжи штрајкот на вработените кој почна вчера организиран од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. За да се најде решение, најавена е нова средба меѓу синдикатот и владини претставници која веројатно ќе се одржи денеска или утре.
Министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика соопштија дека социјалниот дијалог ќе продолжи, а синдикалниот лидер Јаким Неделков порача дека тој треба да биде „конструктивен и конкретен, а не пропаднат и бесцелен разговор“.
Неделков вчера соопшти дека освен во градинки во некои општини, меѓу кои Карпош, Центар, Валандово, Гевгелија, вклученоста во штрајкот била масовна и со учество на 25 илјади вработени во училиштата и градинките. Мал бил бројот на ученици кои дошле на настава, а релативно мал бројот на деца донесени во градинките каде што, како што рече, имало и посериозни притисоци да се прекине штрајкот. Некаде се инсистирало времето на штрајкување да биде осум часа, но, рече Неделков, вработените треба да бидат онолку колку што им се смените во училиштата.
– Пресреќни сме што немало никаков инцидент, ниту некое дете било оставено пред врата. Најважно е што е пратена пораката до надлежните која е многу јасна – огромно е незадоволството во градинките, основните и средните училишта кои имаат проблем со нивниот социјален статус. Расположени сме тежината на нашите аргументи уште еднаш да ги претставиме пред надлежните и да ги убедиме дека ова што го бараме е издржано и да најдеме заедничко решение, рече Неделков.
Додаде дека чекаат да бидат повикани на средба што вчера во краток разговор му ја најавил министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој, пак, вчера изјави дека го почитува синдикалното право на штрајк, но дека тој треба да биде последен чекор. Социјалниот дијалог со СОНК, рече Шаќири, ќе продолжи за да се најде решение.
-Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи. Мислам дека во текот на неделава ќе имаме состаноци и сакам разбирање затоа што штрајкот требаше да биде последен чекор, рече министерот при посетата на средно училиште „Владо Тасевски“. Истакна дека СОНК со сите синдикати бил вклучен во преговорите за минималната плата и сите биле согласни дека ќе го почитуваат договорот за минимум шест месеци за усогласување на другите плати како што предвидува законот.
Шаќири рече и дека законите за основно и за средно образование не дозволуваат прекин на наставата освен во вонредни ситуации и дека со одлуката за штрајк, се доаѓа во ситуација да се надоместат деновите од учебната година бидејќи веќе беше одложен почетокот на второто полугодие поради состојбата со КОВИД-19.
-Владата е за тоа просветните работници да земаат поголеми плати и тоа го имаме докажано: во 2018 пет проценти повеќе, во 2019 пет проценти повеќе, 2020 десет проценти повеќе. Ако ги собереме кумулативно, тоа се 21 процент. Во 2020 почна пандемијата, здравствената криза продолжи и со економска, но пак кажуваме дека ќе работиме на решавање на проблемите за наставниците да имаат повисоки плати, изјави министерот за образование и наука.
И министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во телевизиско гостување вчера нагласи дека социјалниот дијалог продолжува и вети дека деновиве, заедно со претставниците на СОНК, ќе најдат решение коешто нема да биде на штета ниту на кадарот во градинките, ниту на родителите.
Во однос на платите на вработените во градинките, таа рече дека од 2017 година се бележи континуиран раст.
– Во 2017 година платата на воспитувач била 18.300 денари, во февруари годинава платата е 26.574 денари. За негувател сега просечна плата е 19.560 денари, а во 2017 година негувателот земал плата 14.493 денари. Ова покажува дека платата е покачена за околу 21 процент, а техничкиот персонал доби покачување со Законот за минимална плата и нема пониска плата од 18.000 денари, рече Тренчевска.
СОНК го организира генералниот штрајк во училиштата и градинките бидејќи не е исполнето нивното барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно нивно усогласување со порастот на минималната плата, која од овој месец е зголемена од 15.200 на 18.000 денари. Дополнително, СОНК бара минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.
Преговорите меѓу СОНК и Владата во изминатите две недели завршија без договор. По последната средба минатиот понеделник, Неделков рече дека нема краткорочно решение со кое веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапува Синдикатот и поради тоа вчера го активираше најавениот штрајк.
Отворени огласи за вработување:

Утврдени измените за повисоки плати во правосудство и обвинителство

Влез во Германија без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Се штрајкува, не се даваат изводи, нервоза кај вработените-Протест на Матичните служби

Од 9 хоспитализирани на инфективно во Гостивар, само 1 пациент е со ковид

Мехмедовиќ: Го подготвуваме здравствениот систем за евентуална појава на мајмунски сипаници во земјава

Напад врз полицаец на улица во Гостивар

Стојаноска: Талат Џафери да се извини и да поднесе оставка

Им се случува и во НБА: Прокисна покривот на арената во Далас

Големи инциденти во Тирана помеѓу навивачите на Феенорд и Рома пред финалето на Конференциската лига

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ

Натпросечно топло време и високо УВ зрачење

Вартоломеј: Историски момент е отстранувањето на повеќедеценискиот раскол

Прекин на струјата во делови од Гостивар денес и утре

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак