Поврзи се со нас

Македонија

Продолжува трендот на раст на плаќањата со платежни картички и е-кредитни трансфери

Објавено

на

Граѓаните продолжуваат со зголемена употреба на дигиталните канали за вршење на плаќањата, а особено на употребата на платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери и во првиот квартал од 2022 година, соопшти Народната банка.

Бројот на трансакции извршени во земјата со платежни картички издадени кај нас пораснал за 15,8 отсто на годишно ниво, додека вредноста на извршените трансакции пораснала за 13,2 процента. Забележан е годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките места на продажба за 19,5 отсто, како и годишен раст од 8,7 проценти на виртуелните (интернет) продажни места.

Кај кредитните трансфери, исто така, забележан е годишен раст, како кај бројот на трансакции, така и кај вредноста. Во првиот квартал од 2022 година, граѓаните извршиле 17 проценти повеќе плаќања преку кредитни трансфери, додека вредноста на трансакциите била повисока за 28,6 отсто.

Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери, продолжува да расте и во првиот квартал од 2022 година. Електронски иницираните кредитни трансфери забележаа раст од 9,5 отсто на годишна основа.  За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации со кои извршиле над една половина од вкупниот број на електронски иницирани кредитни трансфери. Притоа, бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал за 18,4 отсто на годишна основа. Истовремено, значително поумерен годишен раст со 1,7 проценти е забележан кај употребата на компјутерите за извршување плаќања.

Податоците за платежната статистика за првиот квартал од 2022 година се достапни на https://www.nbrm.mk/platiezhna_statistika.nspx.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 36 минути

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 37 минути

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 39 минути

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 41 минута

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 42 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 45 минути

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 48 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена