Поврзи се со нас

Спорт

Продолжуваат игрите на фудбалската репрезентација, од 15 часот: Македонија-Естонија

Објавено

на

Денеска од 15 часот македонската фудбалска репрезентација ја пречекува селекцијата на Естонија.

Попладневниот натпревар е во рамките на 5.коло од Лигата на Нации, каде после 4 одиграни кола нашата селекција со 6 бодови и најдобра гол разлика се наоѓа на првото место во групата 2, од Ц лигата, пред Грузија, Ерменија и Естонија.

Дефинитинвно нашата селекција денеска нема да настапи во најсилен состав, Горан Пандев е ослободен од обврските, на голот нема да биде ни Столе Димитриевски кој поради црвен картон е суспендиран на два натпревари, Енис Барди и Аријан Адеми имаат повреди, Алиоски нема да игра поради жолти картони, а ќе одморат и Муслиу и Ристовски. Па така „топката“ повторно е кај Ангеловски, кој треба од останатие фудбалери да избере 11 со кои ќе ја победи Естонија.

На официјалната прес-конференција за денешниот натпревар селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски рече дека после голем пласман нормално е емотивно да се испразнети, но и дека како репрезентација учесник на ЕП, мора да продолжат да победуваат.

– Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први во Лигата на нации. Нормално е по голем пласман емоциите да се испразнети, ама кога играш нов меч за Македонија, сите ќе се потрудат максимално. Имаме доволно квалитет за победа, па да одиме на  Кипар и таму да решаваме за првото место.

Втората можност пак да бидеме шампиони во ова натпреварување мора да не мотивира. Настапуваме како репрезентација која настапува на ЕП и тоа мора со сите сили да го браниме. Секогаш има мотивации и сакаме да бидеме први во Лигата на нациите. Ќе се обидам да ја изнесам најдобрата тактичка определба според тимот на располагање. Доволно време сме заедно и добро знаеме што треба да направиме на теренот, смета Ангеловски.

Според најавите, фудбалерите ќе истрчаат во формација 3-4-1-2, во следниот состав:
Шишковски – Бејтулаи, Велковски, Зајков – Костадинов, Николов, Спировски, Трајковски – Елмас – Несторовски, Тричковски.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил

Здравје и убавинапред 3 недели

Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?

Гостиварпред 2 недели

Гостиварец ја пријавил сопругата за напад, регистрирани и други случаи на семејно насилство

Гостиварпред 3 недели

Прекин на водата во Малеарди, населба Млаки и дел од село Дебреше

Гостиварпред 2 недели

Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот

Гостиварпред 2 недели

Малолетник од Гостивар пријавил вознемирувачки случај, лице го наведувало на полови односи

Гостиварпред 2 недели

Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо

Гостиварпред 3 недели

Несреќа кај Ростуше, повредени повеќе лица

Гостиварпред 1 недела

Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате

Гостиварпред 2 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 9 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена