Вести
Продолжуваат кошаркарските возбудувања – КК Гостивар денеска му гостува на МЗТ Скопје

Првопласираната екипа на табелата МЗТ Скопје и второпласираниот КК Гостивар, вечерва ќе го отворат вториот дел од сезоната 2019/2020 во Првата македонска кошаркарска лига.
„Бело-сините“ му гостуваат на актуелниот шампион, кој поради учеството во АБА2 побара натпреварот да се одигра на петок. Ова ќе биде прв натпревар за избраниците на Србиноски после паузата и во новата 2020 година, додека МЗТ Скопје е во полн натпреварувачки ритам. Во првиот меѓусебен дуел гостиварци беа поуспешни во Младост совладувајќи ги „аеродромци“ со резултат 80-78.
Што се однесува до играчкиот кадар нема големи промени во ростерите кај двете екипи, КК Гостивар се раздели со Арсеније Вучковиќ, неговото место се очекува да го пополни странски играч. Кај МЗТ Скопје нема официјални промени. Избраниците на Кочов во досегашниот дел од првенството имаат скор од 9 победи и 2 порази, додека гостиварци имаат 8 победи и 3 порази.
Дербито на 12-тото коло се игра од 20.15 часот во СЦ Јане Сандански во Скопје. МРТВ ќе врши директен пренос на натпреварот.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо