Гостивар
Продолжуваат уписите во средните училишта

Полуматурантите кои не се запишаа во средно во првото пријавување, денес и утре (24 и 25 јуни) повторно имаат можност за упис. Се спроведува второто пријавување во јунскиот уписен рок за 2019/2020 година.
Во сите јавни средни училишта во Гостивар има слободни места за прием на ученици. Бодовниот минимум се движи од 30 до 70, а според конкурсот за упис во средно, училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.
При пријавувањето, учениците поднесуваат: пријава која е бесплатна и се подигнува од училиштето во кое се конкурира, оригинални свидетелства од VI до IX одделение, извод од матичната книга на родените и доколку ученикот има освоено награди од меѓународни и државни натпревари ги доставува дипломите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите