Вести
Проект: Како до поголеми шанси за вработување на ранливите групи граѓани?
Претставници на државни и локални институции и невладиниот сектор во Гостивар ќе спроведуваат активности и програми за подобри можности за вработување на ранливите групи граѓани, како лица со посебни потреби, ромското население и други.
Во насока на координација се одржа заедничка средба, а сите активности се дел од регионалниот проект „Промоција на инклузивни пазари на труд“. Гостивар е пилот општина во која се спроведува проектот.
„Целта на проектот е да им се помогне на маргинализирани групи граѓани за полесно да најдат вработување. Оваа средба е една координација со важните чинители од инситутиците и од невладиниот секотор за изнаоѓање начини преку какви активности, проекти, решенија тоа може да се спроведе“, изјави Дашмир Османи, координатор на проектот за Гостивар.
Проектот е поддржан од УНДП и Меѓународната организација на трудот. Освен во Македонија се спроведува и во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди