Поврзи се со нас

Гостивар

Проект на основци од училиштето во Дебреше за водата во Мавровското Езеро, награден од Фондот за иновации

Објавено

на

Тим на основци со своите ментори од основното училиште „Фаик Коница“ во гостиварско Дебреше, се најдоа меѓу најуспешните во земјава на конкурсот за „Млади истражувачи 2“, што го објавува Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование.

Тие се добитници на награда од околу 3.800 евра, средства наменети за проектот којшто го развиле и со кој се пријавиле, под наслов “Одредување на физичко-хемиските параметри на водата во Мавровското Езеро“.  Проектот е еден од избраните, во конкуренција на скоро 90 пријави од основни и средни училишта.

Предизвикот беше отворен од 01 февруари до 31 март 2019 година со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите во нивниот развој и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта во Северна Македонија.  Комисијата за избор и одлучување беше во состав: Нуран Кадриу Џамбази  – претставник од Сектор средно образование при МОН, Верица Златанска Пауновска – претставник од Сектор основно образование при МОН, М-р Валентина Гоцевска  и М-р Владо Стојанов – претставници од Бирото за развој на образование, Олга Самарџиќ Јанкова, претставник на Здружение за унапредување на обазованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ од Скопје, и Катарина Кречева и Неда Икономова Гавриловска од ФИТР.“, информираа од Фондот за иновации и технолошки развој.

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена