Гостивар
Проект од 90 илјади долари за целосно реновирање на гимназијата во Гостивар
Поставување на нови врати и прозорци, реконструкција на санитарните јазли и нова санитарна опрема, како и други зафати се предвидени со проект за реновирање на гимназијата во Гостивар, за кој пари ќе се обезбедат преку програмата “Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“.
„Имајќи ги во предвид состојбата и упатените барања од Средното општинско училиште за реновирање на санитарната опрема како и потребните интервенции за нови врати и прозорци, Општина Гостивар преку оваа апликација презема одговорност да ги задоволи потребите на оваа јавна установа, при што ќе ја подобри состојбата и условите во ова училиште. Потребата за реновирање на санитарните јазли, плочки, врати и прозорци во средното училиште се неопходни.“, информираат од општината, која апликацијата ја подготвува преку Канцеларијата за локален економски развој и имплементација на проекти.
Реализацијата на проектот, со кој гимназијата треба да добие нов лик, има вредност од околу 90 илјади долари, а работите би се вршеле во период од една година.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник