Гостивар
Проект во Гостивар за посилен Локален совет за превенција

Општина Гостивар станува дел од проектот „Со општинските совети за превенција кон подобрена соработка“, што го спроведува Центарот за европска стратегија „ЕВРОТИНК“. Соработката се официјализираше денес со потпишување на Меморандум за соработка од страна на градоначалникот Арбен Таравари и претставници на Центарот.
Главната цел на проектот е да се промовираат процесите на соработка помеѓу општините, полицијата и граѓаните за унапредување на партиципативното одлучување во полицијата, зајакнување на функционирањето на локалните превентивни совети (ЛСП). ЛСП претставува тело за заедничко дејствување на страните вклучени во областа на безбедноста, со инфраструктурен, општински и социо-културен карактер.
„Согласно потпишаниот Меморандум, општина Гостивар ќе го поддржи „ЕВРОТИНК“ со консултации при креирање прашалници за локални проблеми и потреби на граѓаните, редовно објавување на информации за работата на Локалните совети за превенција на веб-страницата и социјалните мрежи. Потсетуваме дека потпишаниот проектот што денеска го потпиша градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, е поддржан и од Амбасадата на САД во Северна Македонија.“, соопштија од локалната самоуправа.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 5 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава